Вардар го освои првиот бод во Лига Европа

07.12.2017 | 23:48
Прочитано: 641

Вардар го освои првиот бод во својот историскиот настап во групната фаза од Лига Европа, откако вечерва во Скопје против Розенборг одигра нерешено 1:1.

Вардар можеше и заслужи да го освои целиот плен, но победата во последното коло од Л-групата ја испушти по една грешка во финишот на првото полувреме кога норвешкиот шампион преку против напад се избори за пенал кој подоцна го реализира Бентднер.

Претходно, во 9.минута бразилскиот интернационалец во македонскиот тим Итало го доведе Вардар во водство.

По водечкиот погодок „црвено-црните“ пропуштија уште три-четири големи шанси за зголемување на предноста, по што дојде казната за промашувањата.

Ритамот на играта во второто полувреме „падна“ но и покрај тоа, Вардар преку Украинецот Новак на петнаесетина минути пред крајот за малку не го совлада голманот Хансен.

Од оваа група натпреварите во следната фаза ги продолжуваат Зенит и Реал Сосиедад.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.