Вардар си поигра со Загреб во Сеха лигата

17.10.2017 | 21:03
Прочитано: 1537

Eвропскиот шампион Вардар по втор пат сезонава го надигра Загреб, вечерва во СЕХА лигата со 30-23 во дуелот од петтото коло. Супериорни беа црвено-црните портив хрватскиот шампион и во регионалната лига, откако претходно го надиграа и во Лигата на шампиони.

Ја продолжи Вардар победничката серија со максимален учинок, пет победи во првите пет кола во СЕХА. Гостите од Хрватска се носеа со резултатот само во воведните дваесет минути. Минимална предност имаше Загреб единствено во 18-та минута, но следуваше офанзива на Вардар, четири гола во серија, која загрепчани не можеа да ја следат.

Вардарци комплетно ја презедоа контролата и ја зголемуваа предноста, уште на полувремето имаа позитива од плус седум. Во исто темпо продолжи и вториот дел, практично се реши прашањето на победникот па до крај Загреб не се ни трудеше да ја поправи сликата. На сцена излего и второтимците кои ја искористија можноста, особено голманот Даниел Ѓорѓиевски кој во завршницата одбрани два пенали.

Најефикасни кај Вардар Тимур Дибиров и Игор Карачиќ со по шест гола, еден помалку за Вуко Борозан. Милиќ запиша 17 одбрани. Мандалиниќ беше прв стрелец кај Загреб со осум гола. Во следното коло во СЕХА, Вардар му гостува на Целје на 21 октомври.

Вториот македонски претставник Металург утре ќе игра домашен меч против Горење во обид да ја продолжи низата на позитивни изданија.


Ивана Митровска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.