Вардар сигурен против Силекс на отворањето на четвртото коло во ПМФЛ

09.09.2017 | 21:51
Прочитано: 1087

По репрезентативната пауза, на зелените терени се врати клупскиот фудбал. На Националната арена во Скопје Вардар и Силекс го отворија четвртото коло во првата лига.

Македонскиот шампион славеше сигурен триумф против тимот од Кратово со 3-1. Капитенот Грнчаров со погодок во 19-тата минута го отвори резултатот, а во вториот дел новите 3 бода ги осигураа Барсегјан и Глигоров. Единствениот погодок за Силекс беше дело на Џорџевиќ.

За Вардарци ова е втора сезонска победа, по стартниот пораз од Шкендија. Силекс, пак по почетните две победи, сега врза и два порази.

„За „Црвено-црните“ ова исто така беше и добро загревање пред историскиот деби натпревар во Лигата на Европа, в четврток против Зенит на домашен терен. 

В недела ќе се комплетира четвртото коло со нови четири прволигашки натпревари. Академија пПандев ја пречекува Ренова, а Пелистер е домаќин на Скопје. Победа гостува кај вицепрвакот Шкендија и Работнички кај Шкупи. 

ПМФЛ – 4.коло

 Вардар-Силекс 3:1

 

Недела, (16.00ч.):

Академија П. - Ренова

Пелистер – Скопје

Шкендија – Победа

Шкупи – Работнички

 


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.