Вардар убедливо против Гумерсбах за третото место на турнирот во Германија

13.08.2017 | 18:27
Прочитано: 2603

Европскиот ракометен шампион Вардар, по два порази, конечно ја запиша првата победа на контролниот турнир во Германија. Во битката за третото место го совладаа домаќинот Гумерсбах со убедливи 37-26.

По двата порази, од Бергишер и Рајн Некар, денеска Вардар одигра натпревар на свое ниво. Противникот парираше до 13-тата минута, кога и за последен пат изедначи на 6-6.

Потоа со целосна доминација Црвено-црните нанижаа пет погодоци едноподруго, а на домаќинот не му дозволија да поентира цели осум минути. На паузата заминаа со 7 голови предност 18-11, а вторите 30 минути беа само рутина за Вардар.

Тренерот Раул Гонзалес шанса им даде и на резервите Ѓорѓески, Ончев и Поповски. Најдобри стрелци беа Борозан со 8 и Дибирив со 7 погодоци. Следен настап за Вардарци е неофицијалното ракометно клупско СП Супер Глоуб во Катар од 24 до 29 август.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.