Васко Ковачевски и официјално директор на РЕК Битола

12.01.2018 | 14:41
Прочитано: 1026

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ Васко Ковачевски од денеска и официјално е нов директор на РЕК-Битола. Неговото име денеска е впишано во Централниот регистар како овластено лице на подружницата РЕК Битола од Новаци во АД Електрани на Македонија.

„Управниот одбор на АД Електрани на Македонија го назначи Васко Ковачевски за директор на РЕК-Битола. Менаџментот на АД ЕЛЕМ смета дека Ковачевски, заедно со новиот раководен тим кој е поставен, ќе одговори на предизвиците со кои се соочува најголемиот комбинат за производство на електрична енергија во државата и дека неговото познавање на состојбите во РЕК Битола ќе помогне во консолидирањето на овој значаен производствен капацитет, во насока на постигнување поголема стабилност и сигурност на електро-енергетскиот систем во периодот што следува“, соопшти ЕЛЕМ.

РЕК Битола од лани во февруари функционираше со вршител на должноста директор на компанијата откако претходниот директор замина во пензија. Вршителот на должност Благојче Трповски продолжи да ја обавува функцијата и по променат на власта и на менаџментот на АД ЕЛЕМ.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.