Велкоски: Власта ми конструира случај, немам врска со политика

20.03.2017 | 20:17
Прочитано: 29589

Полицијата ме мести, ниту имам врска со дрога, ниту со партии. Вака го почнува ексклузивното сведоштво за тв 24 прилепчанецот Дарко Велкоски, кој е во бегство, а кој полицијата го сомничи дека е организатор на ланец на продажба на дрога во Арачиново, Прилеп и Битола. Велкоски, чија сопруга во истата акција доби триеседневен притвор, тврди дека во петокот, по претресот на нивниот дом, цел ден бил пред полициската станица во Прилеп од каде му кажале дека тој не е осомничен.

„Му се јави на лицето, Дарко Насевски кој е за дрога началник во Прилеп и пред мене го праша дали некаде лицето Дарко Велковски се бара зошто е пред полициската станица и тој рече Не го бара никој. - вели Велкоски.

Откако стигнало соопштението, Велковски е осомничен дека е организатор на групата и се дал во бегство. Откако во петокот во Арачиново, Прилеп и Битола, шестмина беа уапсени, дел од медиумите објавија дека полицијата открила група која перела пари од дрога, со кои ја финансирала опозицијата. Велкоски ги отфрла овие обвинувања и вели дека никогаш не бил член и немал врски со било која партија.

„Не сум партиски определен, не сум нивработен.“ - вели Велкоски.

Адвокатот на Велкоски вели дека целата акција е спроведена незаконски и во домот на неговиот клиент не е пронајдено ништо.

„За време на задржувањето од 24 часа, никој од овластените лица не сакаше да каже за што се товарат осомничените, за што се товарат и кои се доказите. Од сите претреси од Прилеп, не е најдено ништо за да пред судија во претходна постапка и присуство на јавниот обвинител, бидеме запознаени со едно морбидно сценарио, во кое еден од осомничените го товари за организатор за некаква група за препородажба на дрога, иако во претходна постапка истото беше достапно на органите на прогонот“ - вели адвокатот на Велкоски.

Велкоски е во бегство и нема намера да и се предаде на полицијата, зошто смета дека е наместен. Бара полицијата да ја пушти неговата сопруга во домашен протвор, бидејќи нема кој да се грижи за нивната болна ќерка.


Владимир Тевчев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.