Венко Филипче, нов предлог за министер за здравство, Села ќе добие последна понуда

18.12.2017 | 20:12
Прочитано: 3760

Зоран Заев пресече, Зиајдин Села и дефинитивно го изгуби министерското место во здарвство, но ќе добие уште една шанса за останување на Илинденска број 2. Во фотелјата на Арбен Таравари, како што објави тв 24 во саботата, седнува неврохирургот и советник во кабинетот на премиерот, Венко Филипче.

Собранието за него според очекувањата ќе  гласа идната недела. Филипче не е непознат во јавноста, сообено реакции предизвика тоа што беше потпишан ан професоркиот контрапленум. Тој не негира дека бил член, но вели не знаел што потпишува.

„Во тој период од специјализант бев информиран дека потпишувам иницијатива за наводни реформи на Медицинскиот факултет. Подоцна излезе дека тоа биле лажни информации на некаков контра пленум, што немаше допирна точка со првично презентираните информации. Не сум имал никакви активности, ниту сум бил член на некаков контра пленум, ниту сум се согласувал со таквите ставови, тврди кандидатот за нов министер за здравство.“

Од Владата велат дека иднината на Села во коалицијата дефинитивно ќе се знае по состанокот на премиерот со лидерот на Алијансата во четврток. Според информациите – во понудата на Села ќе биде вицепремиерско место и најверојатно заменичко во здравство. Отатаму велат дека последниот збор ќе го има лидерот на Алијансата.

Од партијата на Села пак не сакаат да коментираат што ова ќе значи за нивното идно функционирање на Илинденска, ниту пак за најновата понуда во најава. И денеска тврдат дека тие нова понуда од премиерот не добиле, за да можат да се изјаснат. Висок партиски функционер во саботата за тв 24 изјави дека логично би било доколку останат без здравство да излезат и од владата, сепак конечната одлука ќе ја донесат по враќањето на нивниот лидер Села. Вчера во изјава за Алсат М, порача дека министерствата за здравство и за локална припаѓаат на Алијансата а и не гледа причина зошто би имало промена на ресори. Вели поделбата се направила кога се договорила Влада.

Конечниот предлог за нов шеф на министерствто на здравство доаѓа по речси три месеци празно столче, откако Таравари се кандидираше за градоначалник,  а односите во коалицијата меѓи Ахмети и Села се вжештија. Дуи уште мината недела му порача на премиерот дека нема да гласаат предлог кој би дошол од Алијансата.


Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.