Вероника Tомова ќе ја претставува Mакедонија на глобалниот самит Г–20 во Берлин

19.05.2017 | 23:19
Прочитано: 6926

Вероника Томова е македонската претставничка на самитот Г-20 која оваа година ќе се приклучи на младите глобални лидери во Берлин. Самитот обединува вкупно 100 талентирани учесници од целиот свет. 

„Со верување дека младите луѓе и академски кадри во Македонија поседуваат капацитет да придонесат кон изнаоѓање на идејни и конструктивни решенија на некои од поголемите глобални проблеми, ми претставува чест и задоволство да ја претставувам мојата земја на претстојниот Г-20. Преку препорака од нивна, а голем интерес и ентузијазам од моја страна, ќе учествувам на самитот со цел да го дадам својот придонес, како и да остварам соработка со млади и светски лидери во интерес на својата земја“, вели Вероника Томова, магистер по компаративен локален развој. 

Светските лидери ќе се состанат во Берлин, Германија на самитот Г-20 со цел за изнаоѓање на глобални решенија на најголемите проблеми со кои се соочува денешницата. Истиот ќе се одржи на 29 и 30 мај.

Самитот под покровителство на Германија има за цел да обедини млади визионери и лидери од целот свет, како и да ги инволвира во глобалното решавање на современите општествени проблеми. Вероника Томова е магистер по компаративен локален развој, како и ко-основач на граѓанското здружение „Smart up“, додека преку своето учество на самитот,Томова ќе има можност да се приклучи кон ексклузивната мрежа на млади лидери и професионалци. 


Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.