Вестбрук постави нов рекорд, Оклахома сепак загуби во Хјустон

20.04.2017 | 13:27
Прочитано: 1144

Расел Вестбрук продолжи да урива рекорди во НБА лигата во оваа сеонза. Ѕвездата на Оклахома го заврши мечот против Хјустон со 51 поен, 10 скока и 13 асистенции и стана најдобар стрелец при трипл дабл на еден натпревар во НБА плејофот.

Неговиот учинок не беше во корист на неговитот тим кој загуби на гостувањето против Хјустон 115-111. Мечот се решаваше во последните минути, откако по реализираните тројки на Харден, Беверли и Гордон, на две минути до крајот, Хјустон направи предност 114-104 и до крајот само рутински одигра за триумфот. На висина на задачата беше Харден кој реализираше 35 поени, 22 за Ерик Гордон, а во редовите на победникот Лу Вилијамс 21 поен.

Лесен триумф за Голден Стејт против Портланд 110-81, ја зголеми предноста на 2-0 во плејоф серијата и покрај тоа што настапи без Кевин Дурент. Фуриозно ја стартуваа уште првата четвртина кога создадоа убедлива предност, па во второто полувреме, Стив Кер одмораше дел од првата постава. Најефикасен беше Кари со 19 поени, пред Томпсон со 16. 

До предност од 2-0 стигна и Вашингтон. На домашен терен беше подобар од Атланта со 109-101. Најзаслужен за победата беше Бредли Бил, 16 од својот 31 поен во последната четвртина, вклучувајки ја и решавачката тројка во финишот.


Ивана Митровска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.