Вицепремиерот Османи во посета на Франција

23.10.2017 | 11:29
Прочитано: 508

Заменик претседателот на владата на Македонија задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Франција.

Османи во Париз ќе има средби со министерката за европски прашања Натали Лоазо, со Емануел Ленан, советник во кабинетот на премиерот Едуар Филип и со Сабине Тилае, претседател на комисија за европски прашања во националното Собрание.

Предвидена е средба и со претседателот на француско-македонската група во националното собрание на Франција.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.