Видео: Мартин Протоѓер на редовно јавување во суд

24.11.2017 | 14:38
Прочитано: 5940

Мартин Протоѓер поранешниот шеф на кабинет на поранешниот премиер Никола Груевски денеска беше во Кривичниот суд за да се пријави согласно мерките кои судот му ги определи – одземање на патната исправа и редовно јавување во судот секој работен петок во месецот.

Овие мерки му беа определени на Протоѓер во јуни од страна на Кривичниот суд иако Специјалното јавно обвинителство бараше мерка притвор. Протоѓер од Апелација си го бараше пасошот назад бидејќи морал да патува поради лекување. На јавната седница во Апелција тој не присуствуваше, но неговите бранители истакнаа дека тој го прекинал болничкото лекување во Будимпешта и се вратил веднаш во Македонија откако му биле определени мерките на претпазливост.

Протоѓер заедно со високото раководство на ВМРО-ДПМНЕ се обвинети во предметот „Титаник“ за изборни нерегуларности. ова обвинение на СЈО се уште е во советот за оценка на обвинителен акт кој треба да одлучи дали ќе го одбри обвинението, дали ќе го врати на доработка или ќе го отфрли.


Марија Севриева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.