Владата и наложи на ЕЛЕМ да запре со финансирање на непродуктивни проекти

06.12.2017 | 17:12
Прочитано: 1323

ЕЛЕМ нема да ja гради „Рајскaта градина“ во општина Аеродром која чинеше околу 15 милиони евра, државната енергетска компанија повеќе нема да може да финансира градежни или било какви проекти кои не се од нејзината основна дејност и поврзани со енергетиката, а станува збор за проетки кои ги започнала владата на поранешниот премиер Никола Груевски, ваква беше одлуката од 41 -та владина седница. Од ЕЛЕМ за ТВ 24 велат дека ја поздравуваат владината одлука.

„Со одлука на Владата АД Електрани на Македонија веќе нема да може да спроведува проекти надвор од основната дејност, како во изминатите години. Досега ЕЛЕМ спроведуваше или беше најавен како реалзиатор на десетина вакви проекти како што се жичара Попова Шапка, Рајски парк, пешачко-велосипедска патека на езеро „Козјак“, автокамп „Ливадиште“, ски центар Водно, плажа Дојран, ски центар Копанки на Пелистер, конгресен центар и катна гаража во Охрид“

Од Владата посочија дека не ја оспоруваат потребата и причината за проектите, но сите они кои не се во нивна основна дејноста а за кои биле предвидени буџетски пари во 2018 година сега се прекинуваат, додека за прекин на веќе започнатите проекти ќе чекаат анализа на состојбата од ЕЛЕМ.

„Сите тие прекинуваат, а во однос на проектите за кои веќе се почнати некакви активности, ЕЛЕМ треба да изработи анализа за склучените договори, за тоа дали и како некои проекти за кои е почната реализација може да се прекинат, односно да се раскинат договорите.“ - изјави Миле Бошњаковски - портпаролот на Владата.

За дел од проектите досега неколку пати беа поништувани тендери, додека за дел од нив се бараше инвеститор. Од АД ЕЛЕМ посочија дека со ваквата одлука на Владата сега компанијата ќе може да се посвети на своите основни дејности односно на производство на електрична енергија.


Сандра Бошковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.