Владата ќе расправа за реформските приоритети и за ЕУ и НАТО интеграцијата

19.06.2017 | 11:59
Прочитано: 1396

Владата на Република Македонија денеска (12:00) ќе ја одржи тематската седница посветена на утврдување на правецот на итните реформски приоритети, соопшти владината прес-служба.

По тематската седница, со почеток во 13:00 часот Владата на Република Македонија ќе ја одржи седмата седница. Согласно предложениот дневен ред, на седмата владина седница ќе бидат разгледани состојбите и напредокот во процесот на европската интеграција, користење и имплементација на фондовите од ЕУ, како и Статусот на реализација на приоритетите на Република Македонија за влез во НАТО и Статусот на реализација на Рамковниот договор.

На редовната владина седница ќе бидат разгледани и кадровски решенија, како и други информации од економски и политички систем и тековна политика.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.