ВМРО-ДПМНЕ: ЈО е слуга на Зоран Заев

07.12.2017 | 20:08
Прочитано: 2018

„Јавното обвинителство е слуга на Зоран Заев и хунтата на власт. Објавување на отворената предистражна постапка „по допрен глас“ за интервјуто на Вук Јеремиќ е уште еден доказ дека во Македонија нема правен систем и правда која е подеднаква за сите, туку партиско политички прогон нарачан од заев и неговата хунта“, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ . Оттаму тврдат дека јо постапува по желба на Зоран Заев.

„Странски државјанин излезе со јавно обвинување дека в.д. Директорот на агенцијата за филм, Горјан Тозија го рекетирал „Јадран филм“, но постапка околу овој случај не беше покрената по јавно допрен глас. По јавно допрен глас не беше покрената ниту постапка за бројните сведочења за изборното насилство и сите закани кои беа упатувани кон гласачите.“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.