ВМРО - ДПМНЕ: Обезбедувачите ќе ротираат, Груевски има закани по живот

16.07.2017 | 17:22
Прочитано: 31600

Партијата на Никола Груевски потврди дека тој бара најмалку 20 телохранители и дека се чувствува загрозен, но не даде одговор на прашањата кој му се заканува на екс премиерот и зошто тие закани не се пријавени во полиција, како што вчера објави ТВ 24.

„Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ побара зголемен број на лица во обезбедувањето пред се заради динамиката во работењето и потребата тие сменски да ротираат, така што лицата кои би биле доделени секако нема во секој момент да бидат на извршување на работните задачи. Впрочем во барањето до министерот Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ побара да биде извршена безбедносна оценка за постоење висок степен на опасност по неговиот живот и личен интегритет“, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

И МВР денеска ја потврди информацијата, но се уште без одговор дали екс премиерот ќе ги добие бараните телохранители.

„Има такв барање и по направените анализи соодветно ќе биде одговорено“, изјавија од    МВР.

Дел од познавачите на полициските структури велат дека МВР нема основ да му одобри на екс премиерот дополнително обезбедување.  Шесте телохранители кои во моментов ги има се и повеќе од доволни за да го заштитат, а ако има дополнителни стравови тогаш може да добие партиски обезбедувачи, но не и државни – смета поранешниот началник Љубомир Ѓурчевски.

„Треба барателот да ги посочи сите можни причини, односно сите можни причини, правци на негова загрозеност. Барателот овде ќе треба да потпиши дополнителна согласност, каде што тој лично ќе се согласи дека, криминалистичката полиција  која ќе постапува со истражување на правците од каде што доаѓа загрозеноста, ќе може да ги следи неговите комуникации, телефонските, писмените комуникации, неговото движњње низ одредени места“, вели Ѓурчевски.

Според екс началникот во БЈБ , заканите и стравот од нив доаѓаат од поврзаноста  на политиката со криминалните структури што излегле на површина со дејствувањето на СЈО .

„Екс премиерот е во делот на осомничените лица како можен сторител на одредени кривични дела . Тоа укажувана фактот дека има некоја блискост помеѓу организираните криминални групи и екс премиерот Никола Груевски. Можеби еден од правците на загрозеност е и она што се случуваше во Диво насеље , нападот  на полициската станица во Гошинце, бизнис лобито, каде што се делени тендери, земани провизии“, додаде Ѓурчевски.

Досега ниту еден од претходниците на Груевски не побарал дополнително државно обезбедување. Впрочем тие користеле по тројца телохранители само една година по престанокот на функцијата. Со законските измени од пред четири години, сите  премиери по престанокот на функцијата  ќе користат  шест државни обезбедувачи онолку години колку што биле на функција. Што значи дека екс премиерот Груевски во наредните 10 години ќе ги користи телохранителите. 


Кристина Атовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.