Внуката на Мандела нема повеќе да гласа за партијата на нејзниниот дедо

20.03.2017 | 09:38
Прочитано: 1255

Најстарата внука на првиот црнечки претседател на Јужна Африка, Нелсон Мандела, соопшти дека повеќе нема да гласа за Африканскиот национален конгрес (АНЦ), што во 50-те години на 20-от век ја формираше нејзиниот сега покоен дедо.

Ндилека Мандела изјави дека не верува оти АНЦ и натаму ги почитува и ги применува вредностите на партијата од времето на нејзиното создавање и борбата против апартхејдот.

„Не гласам за партија која повеќе не е она за што се бореа дедо ми, Нелсон Мандела и неговите соборци“ изјави Ндилека Мандела во интервју за јужноафриканското радио „Њуз24“.

Таа му забележува на актуелното партиско раководство што заборавило на луѓето, а посебно на сиромашнте и немоќните во руралните средини.

Внуката на Мандела работи како медицинска сестра, но и раковди со „Фондацијата Мандела“ за борба со сиромаштијата во селата во Јужна Африка.

АНЦ, која е на власт од падот на апартхејдот, пред безмалку четврт век, се наоѓа во длабока криза, разединета и обвинувана во домашната јавност за низа случаи на корупција, меѓу кои, еден и со актуелниот претседател на земјата Џејкоб Зума, за расипништо и за неразумно трошење на буџетските средства.

Нелсон Мандела беше избран за претседател на Јужна Африка во 1994 година и на функцијата остана само еден мандат, по што се повлече од политиката. Тој почина во 2013 година по долго боледување, на 95-годишна возраст. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.