Во Белград уапсени три лица кои со автомобил налетале на колоната во која бил претседателот Вучиќ

03.09.2017 | 14:01
Прочитано: 7093

Три лица се уапсени во Белград поради сомневање дека ја загрозиле безбедноста на српскиот претседател Александар Вучиќ откако со автомобил налетале во колона возила во која бил тој.

Инцидентот се случил во саботата околу 8.20 минути на кружен тек во Белград кога на возилото во кое се наоѓал претседателот на Србија, налетал автомобил марка Бентли со шпански регистарски таблички.

Осомничените утре ќе бидат изведени пред судија во Белград.

Според Политика, уапсени се лица од обезбедување во белградска дискотека и од порано и се познати на полицијата поради кривични дела. Според весникот, тие немале намера да ја „пресечат“ колоната во која бил Вучиќ туку судирот се случил бидејќи „возачот на Бентли автомобилот правел дрифт-потези - брзо го вртел автомобилот под полн гас за да чкрипат гумите“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.