Во близна на либискиот брег пресретнати речиси 3.000 мигранти

20.03.2017 | 11:52
Прочитано: 1041

Во 20-тина различни операции во текот на вчерашниот ден во близина на бреговите на Либија, биле пресретнати и спасени речиси 3.000 мигранти, кои со разлини типови пловила биле упатени кон Европа, соопшти италијанската Крајбрежна стража.

Само бродот „Аквариус“, кој е изнајмен од организациите „СОС Средозмено Море“ и „Лекари без граници“, спасил 946 лица, меѓу кои имало и околу 200 деца без придружба. 

Според податоците на италијанските власти, во периодот од 14 јануари, па до 17 март годинава, во водите на Средозменото Море меѓу бреговите на Либија и Италија биле пресертнати 16.206 мигранти.

Во истиот период лани, бројот на откриени илегални мигранти на пат кон Европа во истиот регион изнесувал 11.911. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.