Во Дебреште пронајдена граната од Првата светска војна

17.02.2017 | 13:48
Прочитано: 9525
Неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна со калибар 75 милиметри вчера е пронајдена во село Дебреште.
 
Случајот го пријавил 46-годишниот Р.Ш. во Полициското одделение Ропотово. Рекол дека гранатате е пронајдена при ископ на земјиште за градба на верски објект, наспроти ОУ„Вера Циривири-Трена“.
 
Полициските службеници го обезбедиле местото и ја известиле екипата од Дирекцијата за заштита и спасување која безбедно ја подигнала гранатата.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.