Во Северна Кореја се дозволени само 15 фризури

19.04.2017 | 10:29
Прочитано: 4864

Владата на Северна Кореја објави илустрации на 15 „прифатливи“ женски и машки фризури, кои Севернокорејците може да ги побараат од фризерот или берберот.

Во секоја берберница во Пјонгјанг се појавија плакати со дозволените фризури, но како што пишува „Дејли мејл", ниту една од нив не наликува на фамозната фризура на лидерот Ким Џонг-ун.

Според овие „илустрации“, младите Севернокорејки не смеат да се потстрижат кусо, оти така ќе ги прекршат правилата. Но, можат да носат шишки, плетенки и шнола.

На мажените жени пак, им се препорачува кусо потстрижена фризура, налик онаа на првата дама на Северна Кореја.

Мажите мораат да бидат кусо потстрижени, и со средени бакенбарди. Покрај тоа, тие се должни да посетуваат бербер на секои 15 дена, а должината на влакното не смее да биде поголема од пет сантиметри.

Со оваа мерка, властите во Северна Кореја сакаат да ги одвратат своите граѓани од имитирањето на западните стилови. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.