Во Штип изложба на дела од Струмичката ликовна колонија

11.11.2017 | 15:13
Прочитано: 704

Во фоајето на Центарот за култура „Ацо Шопов“ изложени се ликовните дела изработени во текот на 54-тото издание на меѓународната Струмичка ликовна колонија. Иван Јовев кустос вели дека поради простор изложени се половина од делата, кои се создадени на Струмичката ликовна колонија.

„Oваа година учествуваа околу 19 автори,  кои за време на колонијата создадоа над 40 дела“, вели Јовев.

Тој истакна дека уметниците од Македонија и странство темите и техниката која ја користат при изработка на делата самите си ги избираат.

Струмичката ликовна колонија традиционално секоја година се одржува од 1-15 август и на неа учествуваат по 20-тина уметници.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.