Во Собранието почна расправата по Предлог-буџетот за 2018 година

27.11.2017 | 12:16
Прочитано: 385

Во Собранието денеска почна расправата по Предлог-буџетот за 2018 година. Предложениот буџет е на дневен ред во матичната Комисијата за финансирање и буџет, каде пред членовите го образложи министерот за финансии Драган Тевдовски.

„Предлог-буџетот на Република Македонија за 2018 година е најдобра рефлексија на ангажманот на новата Влада за постигнување на клучните цели и приоритети на општеството повисоки стапки на раст на економијата, зголемување на  вработување, подигнување на животниот стандард на населението, постигнување на повисоко ниво на социјална правда и интензивирање на интеграционите процеси за ЕУ и НАТО“, рече Тевдовски.

Додаде дека Предлог-буџетот ја покажува цврстата определба на Владата за ефикасно, домаќинско, транспарентно и општествено-корисно трошење на државните пари.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.