Во Србија загинаа двајца македонски рудари

12.09.2017 | 17:58
Прочитано: 3646

Трагедија ја разбуди Македонија, двајца рудари од Пробиштип и Крива Паланка ги загубија животите при минирање во рудникот леце во соседна Србија. Се угушиле од отровите во јамата во рудникот.

Дел од рударите сведочеле за несреќата. По несреќата веднаш на лице место пристигнала медицинска екипа, но и покрај напорите на лекарите не било можно да се вратат виталните функции кај двајцата несреќни рудари, кои не давале знаци на живот. Лекарите само ја констатирале смртта. Од Министерството за внатрешни работи на Република Србија не откриваат детали за несреќата. Истрагата треба да покаже која била причината за трагедијата.

„Во врска со тој настан тоа што може да кажеме е дека несреќата се случила вчера и извршен е увид од страна на надлежните органи. Во поглед за причините за несреќата не можам ништо да кажам, постојат надлежни служби, рударски инспектори и трудова инспекција кои ќе ги утврдат причините за несреќата“ - велат од МУП Медвеѓа.

Рударите работеле во српскиот рудник повеќе од 4 години. Од МНР велат дека се во комуникација со српските власти и очекуваат веќе во наредниот ден да биде заврпшена целата истрага која ја води српското министерство за рударство и енергетика.


Јован Ѓорговски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.