Воз излета од шини јужно од Сиетл

18.12.2017 | 19:36
Прочитано: 603

Воз на американската железничка компанија Амтрак слета од надвозник јужно од Сиетл и се урна врз автопат.

Американски медиуми јавуваат дека има „повредени и жртви“. Од канцеларијата на окружниот шериф соопштија дека се уште има лица, кои се заробени во возот. Кадрите од местото на настанот покажуваат припадници на служби за итни случаи кои ги третираат повредените лица на теренот. Амтрак потврди дека имало повреди.

Инцидентот се случи северно од градот Олимпија, главен град на државата Вашингтон. Железничката компанија Амтрак соопшти дека возот се движел од Сиетл кон Портланд. Најмалку еден вагон падна од железнички надвозник на прометната Петта меѓудржавна магистрала. Неколку возила кои биле на магистралата се уништени или оштетени.

Поради инцидентот, сите приоди кон на југ на автопатот се затворени за сообраќај. Возачите се повикани да ја избегнуваат областа. Несреќата се случи околу 07:30 по локално време,45 минути по поаѓањето на возот. Пред инцидентот, тој се движел со брзина поголема од 80 километри на час, а во него имало најмалку 75 луѓе. Националниот одбор за безбедност во сообраќајот поведе истрага за случајот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.