Воз со околу 600 патници остана блокиран во Јапонија поради силна снежна бура

12.01.2018 | 19:10
Прочитано: 1735

Воз со околу 600 патници остана блокиран во текот на ноќта во Јапонија поради силната снежна бура која ја зафати државата. Дел од патниците биле евакуирани во текот на ноќта, додека поголемиот дел од нив се евакуирале во раните  утрински часови.

Од транспортната служба на Јапонија соопштија дека одлучиле да ја сопрат евакуацијата откако процениле дека било премногу ризично да бидат евакуирани сите патници поради длабокиот снег и мракот. Снежната бура предизвикала голем застој и на автопатите,  околу 400 автомобили останале заглавени повеќе од 12 часа. Во одредени делови од државата паднало дури за десет пати повеќе снег отколку што е за вообичаено за овој период од годината.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.