Врховниот суд дополнително ќе ја соопшти одлуката за притворот на Темелко и Талевски

19.06.2017 | 13:41
Прочитано: 3932

Кривичниот совет на Врховниот суд  на денешната седница која  беше затворена за јавноста ги  разгледуваше  барањата за заштита на законитоста за притворите на градоначалниците на општина Пустец, Едмонд Темелко, и на општина Битола, Владимир Талевски. 

Во судот беа и обвинителите на СЈО, Трајче Пеливанов и Гаврил Бубевски, кои го напуштија судот без изјава за медиумите. 

Претседателот на Врховниот суд, изјавил дека предметите биле разгледувани и дека по донесувањето на одлуката, јавноста дополнително ќе биде информирана.

 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.