Врховниот суд ќе одлучува по барањето на СЈО за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ

14.09.2017 | 10:11
Прочитано: 2722

Судиите треба да расправаат по однос на барањето за заштита на законитоста поднесено од Специјалното јавно обвинителство за пресудата на шестообвинетиот во случајот „Пуч“, Ѕвонко Костовски, кој потпиша спогодбата со oбвинителството и се согласи за издржување затворската казна во траење од 3 години.

Покрај ова, судиите од Врховниот суд на денешната седница треба да одлучуваат и по барањето на СЈО за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ. Специјалното јавно обвинителство бара замрзнување на имотот на партијата во рамки на истрагата за случајот „Талир“, бидејќи се сомневаат дека е стекнат на незаконски начин.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.