Втора победа на МЗТ Скопје, прва на гостински терен во АБА лигата

17.10.2017 | 13:25
Прочитано: 457

Во последната минута Бојан Трајковски и Дамјан Стојановски го одлучија натпреварот на гостувањето кај шампионот на Босна и Херцеговина, Игокеа.

Металците во последната минута влегоа со минимална негатива 99-98. Потоа на сцена најпрво стапи Трајковски со одличен шут за три, а откако домаќинот не го искористи својот напад, Стојановски со уште една тројка донесе позитива од пет поени. До крајот стрелаа уште Бојан и Бобан Стајиќ од пенал линија за потврда на убедлив триумф со 108-99.

Победата беше повеќе од заслужена бидејќи сино-белите водеа во најголемиот дел од средбата. Шутот беше на највисоко можно ниво со дури 13 постигнати тројки и 60-отстотна прецизност во ударите за два поени.

Дамјан Стојановски беше најпрецизен со 23 поени, пред Јордан Минчев со 19. Бојан Трајковски и Брет Бејли реализираа по 17, а Јуре Лалиќ застана на 14 поени.

Ова беше прв гостински триумф за МЗТ Скопје, а втор во АБА лигата, по изминатите два порази. Следниот понеделник во Јане Сандански гостува Цибона, но пред овој дуел, МЗТ веќе в среда ќе го пречека Шкупи во второто коло од домашната Прва Лига.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.