Вучиќ: Односите меѓу Хрватска и Србија ќе бидат значително унапредени

13.02.2018 | 09:33
Прочитано: 463

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изрази уверување дека односите меѓу Србија и Хрватска ќе бидат значително унапредени, како и односите меѓу Србите и Хрватите во целина.

„Изразувам искрено уверување дека односите меѓу Србија и Хрватска ќе бидат значително унапредени, како и односите меѓу Србите и Хрватите во целина. Сигурен сум дека Владата на Хрватска, како и сите ние во Србија, во тој важен и позитивен процес ќе дадеме полн придонес“, напиша Вучиќ на Твитер.

Тој воедно изрази оптимизам и кога е во прашање економијата и изрази надеж дека меѓусебната соработка на тоа поле во иднина ќе биде подобрена, бидејќи тоа е во интерес на двете земји.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.