Вучиќ: Подготвен сум на компромисно решение за Косово

10.08.2017 | 11:26
Прочитано: 5628

Ако воспоставиме оска на мирот и стабилноста на линијата „север-југ“ меѓу двата најголеми народи на западниот Балкан - Србите и Албанците, за следните 100 години ќе ги решиме 80 проценти од нашите политички проблеми, изјави синоќа српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Затоа сум подготвен да учествувам во изнаоѓањето компромисно решение за Косово и Метохија, решение од кое нема да бидат задоволни ни двете страни, бидејќи само такво решение и може да биде компромисно. Денес ние не решаваме за нашето минато, туку за нашата иднина“, изјави Вучиќ при гостување на телевизијата Пинк.

Затоа, според него, како исклучително важен го смета внатрешниот српски дијалог за Косово, на кој, како што рече, се повикани најширок круг актери од општествениот и политичкиот живот во Србија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.