Вулнет Ферати најсериозен кандидат за министер за здравство, Ахмети се заканува дека нема да го гласа

13.11.2017 | 18:48
Прочитано: 13656

Вулнет Ферати, поранешниот претседател на УО на фондот за здарвсто и актуелен професор на тетовски универзитет, е најсериозниот кандидат за заменик на Арбен Таравари на министерското столче во здравство, брифираат за ТВ 24 партиски извори од СДСМ и АЗА

Ферати најверојатно ќе стане министер доколку поделбата на владиниот колач остане во иста, односно ако сепак не се случи реконструкција на Влада, нешто за кое што според партиски извори и во СДСМ размислува премиерот Заев. Дека не е исклучена реконструкција премиерот му кажал и на неговиот коалициски партнер Зијадин Села, со кого се сретнал во саботата во Александар Палас за да го дефинираат учеството на АЗА во Владата, но и условите за тоа.

Според истите информцаии, Села на маса пред Зеав ги тавил имињата на Ферати и на актуелниот директор на очната клиника Беким Татеши, но извори од двете партии велат дека Ферати има повеќе шанса. Втората опција е премиерт да пресече дека ќе прави реконструкција, со што здравство би го земало СДСМ, додека пак ќе се бара опција која би го задоволила Села за евентуално изгубеното место. Од партијата на Села ги потврдуваат информациите и велат дека ќе почекаат што ќе реши премиерот, па дали да почнат преговори за реконструкција или да дадат предлог за нов министер. И додека Села и Заев ги измазнија односите, се чини Ахмети и лидерот на Алијансата дополнително ги заострија.

ДУИ со конкретна порака, ќе гласа за министер од партијата на Села, можеби само доколку тој се извини за обвинувањата дека Ахмети е инспиратот на обидот за ликвидација на лидерот на Алијасата на 27 април. Од ДУИ велат дека конечниот став ќе го изградат на ЦП. Остануваат на ставот дека Села не може да биде дел од Владата, бидејќи во последно време само и наштетил и не може да биде дел од реформскиот процес. За нивното противење воопшто Алијансата да биде дел од Илинденска, висок партиски функционер вели знае и премиерот.

Од партијата на Ахмети велат без нив, министерот на Села, може да биде избран само со гласовите на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи СДСМ нема да има доволно мнозинство. Од СДСМ нема одговарор конкретно како планираат да го убедат Ахмети да го смени ставот. Молчи и Села дали ќе му се извини на Ахмети, за тврдењата кои неколкупати ги повтори, но од неговата партија со порака Ахмети нема да гласа за министер на Села, туку на Заев, премиер на влада во која тие се партнер.


Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.