За аналитичарите средбата со Хан со партиските лидери е продуктивна

10.02.2017 | 19:53
Прочитано: 2846
Политичарите премногу се потпираат на меѓународната заедница за решавање на проблемите во земјава – оценуваат експертите кои ги контактираше Телевизија 24. Но според нив, кризата може да се надмине само доколку за тоа постои политичка волја.
 
„Нормално е за делот за исполнување и за зафаќање со некои реформски процеси, потребно е да се има стабилно мнозинство како што е и целта на дел од препораките на комисијата. Во таа насока ги интерпретираме нивните заложби. Дали може да очекуваме нешто, мислам дека сепак е јасно дека топката е во нашиот двор и дека без разлика на поттикот однадвор, никогаш меѓународната заедница не може да биде клучот на едно вакво домашно прашање“ - изјави Симонида Кацарска - ЕПИ.
 
Сепак доаѓањето на Хан имало позитивно влијание – посочуваат дел од политичките аналитичари, но додаваат дека македонските политичари го користат странскиот фактор како изговор за одлуките кои не се прифатливи за нивните поддржувачи.
 
„Не само што премногу се потпираат на странците, но не ретко ги користат нив и како извор за некои одлуки кои поради мачо стилот на водење политика кај нас многу полесно поминуваат, условно речено, кај нивните поддржувачи ако кажат дека тоа било направено со асистирање на меѓународниот партнер. “ - изјави политичкиот аналитичар Албет Муслиу.
 
Еврокомесарот Хан со лидерите на парламентарните партии се сретна на маргините на министерскиот состанок за енергетика. Заклучокот од средбите кој им го презентираше на партиите е што поскоро да се формира идната влада и Македонија да се врати на евроинтеграцискиот пат.

Христијан Баневски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.