За директорскиот борд месечни надоместоци и до 4000 евра

21.04.2017 | 18:28
Прочитано: 4089
Месечни надометоци повисоки и од четири илјади евра. Дел од неизвршните и независните членови на одборот на директори на македонски Телеком ќе добијат дури и двојно повисоки месечните примања. Според предлог-одлуката што е објавена на Берза, повисоки надоместоци се предложени за:
 
- 4.032 евра - Претседателот на одборот на директори 
- 3.024 евра – Заменик претседател на одборот на директори
- 1.209 евра - Неизвршни и независни членови
 
Во објавената предлог одлука се наведува дека новиот месечен надоместок е поради зголеменото портфолио на активности по правното спојување. Од Телоком за ТВ 24 потврдуваат дека се работи за предлог одлука која треба да биде рагледана на акционерското собрание во понделеник. 
 
“Собранието на кое треба да бидат разгедани предлог одлуките треба да се одржи на 24 април. Кога ќе биде донесена одлуката веројатно тогаш ќе има и објаснување врз основа на што биле зголемени надоместоците. Додека не се одржи собранието не можеме да знаеме дали ќе биде прифатен овој предлог" - велат за сега од Македонски Телеком. Дел од директориот борд е и Панче Кралев , кој беше поранешен министер за образование. 
 
Владата во македонски Телеком поседува 38,88%. Предлогот за зголемување на месечните надоместоци се случува во период кога имаме техничка влада и на сила и изборниот законик – кој ограничува или не дозволува зголемувања и исплати на средства кои не се сметтат за редовни трошења. 
 
Освен зголемување на месечните надоместоци во Телеком ќе има и директорски смени. Австриецот Андреас Елснер се планира да биде избран за нов генерален директор на компанијата а Павел Хадрболец од Чешка нов независен член на директорскиот одбор.
 
Според финасиските показатели, во период од осум до десет години приходите на компанијата се намалени за повеќе од 40%, додека нето добивката за цели 83%. Инаку, македонски Телеком е операторот за кој кривичниот суд не му одобри налог за претрес на СЈО кое води истрага за масовното прислушување. 

Јован Ѓорговски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.