За нас

ТВ 24 Вести е прв и единствен целосно информативен канал во Македонија, кој почна да зрачи во етерот на 15 декември 2010 година.

Нашата мисија е да обезбедиме точни, навремени и објективни информации за случувањата во земјата и светот.

При пласирањето на информацијата се водиме од највисоките етички и новинарски стандарди. Истовремено, нудејќи им на гледачите различен спектар на аналитички гледишта за општествените збиднувања, низ дебати и соочувања на ставовите.

Составен дел од програмската шема на ТВ 24 Вести се информативни, дебатни, едукативни, политички и економски емисии.

Вестите се носечки сегмент од нашиот телевизиски производ, кои што се емитуваат во различен формат: од кратки вести (флеш) до централен дневник.

Дебатните емисии се емитуваат секој работен ден, во ударен термин. Се обработуваат дневно-актуелни политички, економски, граѓански и спортски теми.

Специјализираните емисии од сопствена продукција нудат обработка на теми од еден поинаков аналитички агол. Дел од програмската шема на ТВ 24 Вести се емисии за економијата, програми со кои се обезбедува директен контакт со гледачите и содржини со образовно-забавен карактер.

Документарните филмови и странски специјализирани емисии, кои ги емитуваме во соработка со странски news канали, се дел од нашата стратегија ТВ 24 Вести да биде вистински прозорец за информации не само за случувањата дома, туку и во светот и секогаш низ високо квалиттна продукција.

Нашата цел е мултимедијалната платформа, па затоа информациите на ТВ 24 Вести се постојано достапни и преку нашата интернет страница www.24vesti.mk, преку која нашата програма може да се следи и во живо, а присутни сме и на социјалните мрежи.

Телевизијата обезбедува независна програма од сопствено производство со врвен квалитет и според најсовремените дигитални стандарди. ТВ 24 Вести се емитува преку сателитски сигнал и низ мрежата на кабелските оператори низ земјава. А со пакетот на Тотал ТВ достапна е и за гледачите во регионот, Европа и во прекуокеанските земји.    

ТВ 24 Вести – Информација сега!