За неколку часа две победи за Лина во Кјасо

20.04.2017 | 17:37
Прочитано: 1353

Лина Ѓорческа стана полуфиналистка во двојки и четвртфиналистка во сингл на турнирот во Кјасо, Швајцарија, вреден 25.000 долари.

Прво се справи со 20-годишната квалификантка Кјара Грим од Швајцарија (585), ја совлада со 6:2, 6:3. Таа победа значеше место во четвртфиналето и следен дуел со Катинка фон Дајхман. Оваа далеку поквалитетна Швајцарка е 240-та на светот, но веќе има две победи над Ѓорческа, од нив една во Гренобл, на крајот на јануари.

Во двојки, пак, Ѓорческа и Александра Најденова од Бугарија, како први носителки беа подобри од Швајцарките Ин-Албон и Кенел, со 6:3, 6:2.. Во полуфиналето ќе играат со француско-швајцарскиот тандем Гергес-Сињо.


Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.