За подметнат пожар во Албанија следува казна затвор до 20 години

09.08.2017 | 12:34
Прочитано: 1167

Додека состојбата со пожарите во Албанија и понатаму е алармантна, официјаланите служби излегоа со заклучок дека повеќето од нив се намерно предизвикани.

Во текот на месец јули и изминатиот период од август, во Албанија се уапсени 20 лица поради предизвикување пожар, на кои веќе им е изречена мерка притвор, додека шест лица ќе се бранат од слобода.

Кривичниот законик на Албанија за намерно предизвикување пожар предвидува казна затвор во траење до 20 години, што зависи од предизвиканата материјална штета и други несакани последици.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.