Заев или Димитриев, кој ќе оди на средба со Могерини со премиерите од Западен Балкан?

19.05.2017 | 18:47
Прочитано: 4540
Не е исклучена можноста и Зоран Заев да присуствува на премиерската вечера во Брисел, в среда на 24 мај, на која се поканети сите актуелни премиери од Западен Балкан. 
 
Шефицата на Европската дипломатија, Федерика Могерини, испратила покани до сите претседатели на влади на 6-те земји, но поради можната поличка разврска со формирање нова Влада во Македонија, отворена е можноста таму да замине Заев. 
 
Во дописот од Брисел, пак, на портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, засега не се споменуваат имиња.
 
„Поканата е испратена до сите премиери. Ние ќе ги потврдиме имињата на оние кои ќе учествуваат на оваа неформална вечера кога ќе бидеме поблиску до датумот. На посочената вечера се испратени покани до актуелните премиери на Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Нивните имиња ќе се објават кога ќе биде блиску одржувањето на овој неформален состанок.“
 
Од кабинетот на техничкиот премиер Емил Димитриев за ТВ 24 велат дека до поладнето официјална покана од Брисел нема. 
 
„До овој момент официјална покана до кабинетот на премиерот Емил Димитриев не е стасана доколку тоа се случи дополниелно ќе бидете информирани.“ - велат од владата за ТВ 24. 
 
Неформалната вечера ќе послужи да се направи пресек на постигнатото од последната посета на шефицата на европската дипломатија за регионот, во март годинава. 
 
Во меѓувреме, честитките од меѓународнмата заедница и натаму стигаат на адреса на новиот мандатар Заев. Француското МНР во дописот, покрај тоа што го честита доделувањето на мандатот исто така потенцира новите власти да почнат што поскоро со реформските процеси на земјава. 
 
И министерот за надворешни работи на Италија, Анџелино Алфано, во честитката за мандатот посочи дека се работи за важен обид кој има за цел решавање на сегашната, тешка политичка криза во Македонија.

Гаврил Сирачевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.