Заев: Македонија може да биде транспортен центар на Балканот

07.12.2017 | 14:03
Прочитано: 3348

„Изградбата на коридорите 8 и 10 е дополнителна можност за раст и развој на регионот на Западен Балкан, како и за приближување на регионот кон ЕУ“, рече премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција во Софија на премиерите од регионот, во рамки на меѓународната конференција „Посилна регионална интеграција на Балканот“, чиј домаќин е Светска банка.

Премиерот Заев ја поздрави поддршката на Светска банка на регионалната соработка и додаде дека присуството на конференцијата во Софија, на еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, е порака за важноста на регионот за ЕУ, којшто треба сега да одговори на очекувањата.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.