Заев на гости кај Касами

06.01.2017 | 19:05
Прочитано: 31008

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на гости кај првиот човек на БЕСА, Билал Касами. Дел од камерите го уловија првиот социјалдемократ и генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовки како излегува од просториите на БЕСА во Мавровка.

Заев не сакаше да каже детали од средбата , само кусо рече дека е нормална и обична средба. Од СДСМ за 24 Вести велат дека тоа е нормална средба меѓу лидери на две партии особено во ваков период во кој претстои формирање на влада.

На ист став и од БЕСА - нормална постизборба средба , во пресрет на евентуални комбинаторики за ново мнозинство. Средбата доаѓа кога наголемо се прават партсики комбинаторики и калкулации кој прв ќе стигне до потребните 61 глас за да формира нова Влада.

Петте пратеници на БЕСА се добродојдени за Заев, но без ДУИ и Ахемти СДСМ нема шанси да направи Влада. Од друга страна пак Касами повеќе пати изјави дека со Ахмети не седнува на „Илинденска“, но и дека ќе биде конструктивна опизција и ќе ја поддржи Владата за стратешките проекти. 


Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.