Заев не размислува за предвремени парламентарни избори, но не ги исклучува

17.10.2017 | 18:29
Прочитано: 5301

Се подготвуваат ли Зоран Заев и Али Ахмети за операција предвремени параламентарни избори напролет. Официјално и едните и другите велат дека тоа не им е во зацртаната стратегија, иако лидерот на СДСМ и премиер не исклучува по вториот изборен круг да се промени оваа позиција согласно ставовите на коалициските партнери и внатрепартиските размислувања.

„Веројатно одлуките ќе се носат по 29 и на оваа поддршка гледам како на работа. Она што ме прави среќен, ме насочува во во дополнителна храброст на носење на одлуки“ - изјави Заев.

Според високи партиски функционери на СДСМ и дел од коалициските партнери на од каолицијата на СДСМ, таректоријата е исцртана - резултатите покажуваат совршена шанса за стабилно мнозинство во Собранието, но и шанса Заев и Ахмети да ја зајакнат коалицијата без Села и Алијансата, кои според дел од функционерите им нанесуваат штета со ултранационалистичките изјави на лидерот на Алијансата. Според итите избори собвршен тајминг за нов предвремен маратон со кој СДСМ и ДУИ би се устоличиле на власта би било напролет по самитот на НАТО, на кој се очекува позитивна вест за Македонија.

Од ДУИ официјално целат дека се концентрирани да ја завршат работата што ја почнале во неделата. Сепак висок партиски функционер за тв 24 вели дека речиси е извесно дека тоа ќе биде стартегијата на коалициските партнери во Владата.

Како клучен мотив за тоа ја гледаат шансата дека располежението е во нивна корист, но и како шанса Ахмети да ја стегне партијата по изборната шлаканица во декември. Според истиот функционер, стабилна Влада без трет албански партнер во неа е уште една работа што преовладува на тегот за избори. Лидерот на партијата пак, по состанокот со албанскиот премиер денеска само кусо порача дека соработката со СДСМ на сите ниво би било во интерес само на граѓаните.

„Имаме предизборен договор со СДСМ и ќе продуцираме стабилна клима за успех и бенефит на граѓаните“ - вели Ахмети.

Имаме предизборен договор со СДСМ, ќе се обиде да продуцираме позитивна клима за стабилност, успех како и бенефит на граѓаните. Одењето на предвремени избори, по убедлива победа на локлани нема да биде нешто ново во земјава. Никола Груевски и Али Ахмети буквално владееја според таа тактика. Речиси за секое оддење на предвремени избори, алиби на Груевски му беше Ахмети. Доколку следната година Заев и Ахмети решат дека ќе ја поддобруваат позицијата со предвремен маратон за Македонија во последните десет години тоа ќе бидат петти.

 


Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.