Заев со очекување на 20 или 21 ноември да се одржи првата средба на Нимиц со преговарачите

14.11.2017 | 09:37
Прочитано: 2240

Македонскиот премиер Зоран Заев изрази очекување на 20 или 21 ноември да се одржи првата средба меѓу преговарачите од Македонија и Грција со посредникот на Обединетите нации во решавањето на спорот со името, Метју Нимиц.

Заев ова го изјави одговарајќи на новинарско прашање по средбата со словенечкиот премиер Миро Церар.

Тој зборуваше за натамошниот тек на европските и евроатлантските интеграции на Македонија, при што напомена дека во таа насока пред се фокус се става во решавањето на спорот за името со Грција.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.