Заев во Софија на состанок на лидерите на Западен Балкан

07.12.2017 | 08:59
Прочитано: 643

Премиерот на Македонија Зоран Заев денеска во Софија ќе учествува на меѓународна конференција под наслов „Посилна регионална интеграција на Балканот“ што ја организира Светска банка.

На состанокот ќе се разговара за регионалната соработка и динамиката на процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската унија.

Лидерите ќе разговараат со високи претставници на ЕУ за унапредување на сообраќајната инфраструктура во регионот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.