Загина Никола Младенов

27.03.2013 | 22:00
Прочитано: 102834

Без видливи траги од кочење, низ мала дупка на банкината, со голема брзина излетал новиот автомобил Мерцедес на сопственикот на Фокус Никола Младенов, синоќа на клучката кај Хиподром на влезот во Скопје.

Неговото тело и автомобилот полицајците го нашле околу 13 часот дента, по неколкучасовна претрага, по пријава на сопругата на Младенов, која кажала дека нејзиниот сопруг не се вратил дома ноќта.

Од полицијата засега не кажуваат дали знаат и кои се причините за загинувањето на Младенов. Велат резултати ќе има по истрагата и вештачењето.

Инаку за време на полицискиот увид на новинарите не им беше дозволен пристап до местото на несреќата, со оправдување дека таква наредба дал истражниот судија. По 7 часовоно чекање, камерите можеа набрзина од блиску да снимат што останало од автомобилот на Младенов. Инаку местото каде возилото излетало од патот е преполно со гранки и трње и затоа полицијата претпоставува зошто никој цела ноќ и утрово не го видел автомобилот и телото на Младенов.

Извлекувањето на автомобилот траеше со часови бидејќи возилото беше оддалечено десетици метри од патот, превртено на покрив. За да се извлече екипите мораа да исечат дел од банкината и од автомобилот за да го качат на шлеп службата. Телото  на Младенов кое претходно е извадено од автомобилот претходно е однесено на институтот за судска медицина на обдукција.

Од полицијата велат дека сега ќе проверат дали причината за смртта е техничка неисправност на возилото, здравствен проблем, дали можеби на возилото намерно е направена некоја неправилност, или дали во инцидентот имало и друго возило.

Никола Младенов беше долгогодишен новинар, основач и главен уредник на неделниот и дневен весник Фокус. Погребот на Малденов ќе биде утре во 14 и 30 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.

 


Сеад Ризвановиќ

Коментари (39)

Анонимен

Pocivaj vo mir -najgolem vo svojata borba za nezavisnoto novinarstvo.Sega neka stavat prst na celo site Latasovci i Milenkovci .

11

EU

Se osilija i resija da go dokazat toa, bezsramnici. A za Nikola, neka pociva vo mir.

11

Анонимен

I Milosevic vaka pravese pa znaeme kako zavrsi. Neke ti e vecna slava Nikola,socustvo do tvojte najbliski. Ti bese bardot na Makedonskoto novinarstvo vo nasata istorija i ne trebase vaka da zavrsis. Neka ti e lesna zemja i bog neka te prosti. SLAVA TI.

11

Анонимен

Istrazen sudija dal naredba da ne se snima??? Ova ako e tocno preneseno najmalce cudno. Ova se onie istite istrazni sudi koi ekspresno po zaslugi za odraboteno zavrsuvaat so unapreduvanje.

11

Анонимен

Чекаа да се стемни за да го извадат возилото,за да нема сликање новинарите ги држат на 1 км и сега истите ке го вештачат. Бог да го прости Николче.

11

Анонимен

Bilo koj komentar ne e dostoen za eden od najhrabrite luge so dignitet vo ponovata istorija na Makedonija. Socustvo do najbliskite. Bog da go prosti. Lesna da ti e crnata zemja. Vecna slava...

11

Анонимен

Zalosno......kriminalcite ne biraat sredstva,igraat Mnogu necesnoooo..

11

Рберт Стефановски

Бог да го прости еден од ретките новинари на кој вистината им беше пред се поставуваќи многу висок стандарт кој скоро е недостижен за новинарите во Македонија.Македонија загуби голем човек.

11

Анонимен

искрено сочувство до семејството на вистинскиот Новинар, еден од ретките.Вечна Ти слава Николче

11

profesorka

Zalno i strasna zaguba za slobodna Makedonija. Bog da te cuva i neka ti e lesna zemja, nas Nikola. Socuvstvo do najbliskite

11
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.