Загина Никола Младенов

27.03.2013 | 22:00
Прочитано: 104499

Без видливи траги од кочење, низ мала дупка на банкината, со голема брзина излетал новиот автомобил Мерцедес на сопственикот на Фокус Никола Младенов, синоќа на клучката кај Хиподром на влезот во Скопје.

Неговото тело и автомобилот полицајците го нашле околу 13 часот дента, по неколкучасовна претрага, по пријава на сопругата на Младенов, која кажала дека нејзиниот сопруг не се вратил дома ноќта.

Од полицијата засега не кажуваат дали знаат и кои се причините за загинувањето на Младенов. Велат резултати ќе има по истрагата и вештачењето.

Инаку за време на полицискиот увид на новинарите не им беше дозволен пристап до местото на несреќата, со оправдување дека таква наредба дал истражниот судија. По 7 часовоно чекање, камерите можеа набрзина од блиску да снимат што останало од автомобилот на Младенов. Инаку местото каде возилото излетало од патот е преполно со гранки и трње и затоа полицијата претпоставува зошто никој цела ноќ и утрово не го видел автомобилот и телото на Младенов.

Извлекувањето на автомобилот траеше со часови бидејќи возилото беше оддалечено десетици метри од патот, превртено на покрив. За да се извлече екипите мораа да исечат дел од банкината и од автомобилот за да го качат на шлеп службата. Телото  на Младенов кое претходно е извадено од автомобилот претходно е однесено на институтот за судска медицина на обдукција.

Од полицијата велат дека сега ќе проверат дали причината за смртта е техничка неисправност на возилото, здравствен проблем, дали можеби на возилото намерно е направена некоја неправилност, или дали во инцидентот имало и друго возило.

Никола Младенов беше долгогодишен новинар, основач и главен уредник на неделниот и дневен весник Фокус. Погребот на Малденов ќе биде утре во 14 и 30 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.

 


Сеад Ризвановиќ

Коментари (39)

Анонимен

Kako mozelo cigarata da mu ostane vo rakata posle tolku prevrtuvanja na voziloto?Zosto istrazniot sudija bese na mestoto na nesrekata po 10 dena,sto barase?Kade e mobilniot telefon od Nikola,pa neli po nego go lociraa mestoto posle 12-13 casa?Dali teloto na nesrekniot BARD na makedonskoto novinarstvo ne bil izvlecen od nekogo od voziloto i ostaven vo trevata da iskrvari i da pocine?Milion neodgovoreni prasanja se uste visat vo vozduhot?Zosto golemi parcinja od voziloto ostanaa rasfrlani na mestoto,kako go vestacea voziloto bez niv?..Pocivaj vo mir GOLEM COVEKU!Vistinata mozebi nikogas nema da ja doznaeme so kilavata istraga..za zal.

11

Dejandavid

Bog da go prosti i naseli vo vecniot raj
steta mlad covek

11

Анонимен

Почивај во мир храбар Никола, ги надживеа сите полтрони затоа што живот во страв е пола живот.

11

Анонимен

gospode pomogni im ne znaat sto pravat,uste kolku gi ima na vasiot crn spisok zatoa sto ne mislat kako vas.Pocivaj vo mir a neka ne najdat mir storitelite...

11

Анонимен

Vie sto vednas sudite sednete vo kola pa vozete tuka so so preku 120km/h pa ke vidite kaj ke zavrsite
Sekoja cest kako novinar.Vecna slava

11

Анонимен

Na anonimniot sto napisal vo 15.45. Се додека ве има таквите што мислат дека се ова глупости, се повеќе ќе се случуваат вакви работи. Црно ни се пишува луѓеее свестите се. На се има крај ама дури дојде тој крај генерации ќе се уништат. Разбудете се уплашени македончиња!!! Светот ни се смее па ни вакви трагедии неможат да му објаснат на светот колку помош ни треба! Бидејќи сме доведени до дереџе више никој да не не сваќа озбилно. Решението е во наши раце, што поскоро се реагира тоа поарно!! Па нема да може сите новинари да ги скине!!! Ова е ивреда од најголем вид, на очи на јавноста се дрзнува да прави вакви чистки, па него не му е ни важно што мисли народот!! Кај ли ќе му биде крајот??!!

11

Анонимен

Pocivaj vo mir Nikola, a tvoite kolegi treba da se svestat i da istrazat dali bilo nesreka ili e namerno, ocigledno deka policijata krie nesto, kako moze da ne znaat dali ucestvuvalo drugo vozilo ili ne,pa toa i so golo oko moze da se vidi :( ili imalo drugo vozilo ili nemalo, a ne tek sega ke istrazuvat..

Nikola nisto nema da go vrati no negovoto semejstvo ja zasluzuva vistinata...a ako e namerno teshko na site nas...

11

Анонимен

Bi sakala na nekoj drug Nikola da mu citame zalna vest!!!!!!

11

Анонимен

steta mlad covek, koj i da e
ostavi dve deca................mlada zena............

11

Анонимен

Bog da go prosti mlad cesen iskren objektiven novinar. Na "nekoj"mu precese i mu bese visok pa morase na vakov nacin da go skine

11
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.