Загинал, одејќи на митинг, телото му го оставиле на пат

25.11.2016 | 23:28
Прочитано: 107786
Тргнал на митинг на ВМРО ДПМНЕ со организиран превоз и загинал, а сопартииците го оставиле на улица неговото безживотно тело и продолжиле за Охрид.
 
Делува морбидно, но оваа случка кај село Колари е вистината, вели за 24 Вести братот на загинатиот Седад Асановски.
 
Несреќниот 40 годишен човек загинал откако на паузата што ја дал возачот на автобусот го удрило возило. 
 
Веќе четврти ден како неговото семејство се обидува да дознае што точно се случило во понеделникот на 21 и објаснуваат дека никој од претставниците на партиите ниту институциите не дошол да ги праша за случајот или пак  да им понуди било каква помош. 
 
„Таа вечер, еден негов пријател го викнал друштво да му прави за митингот во Охрид, возел автобус од Шутка, не знам од каде тргнал. Застанале на Стража и не знам дали автобусот бил виновен или комбето на недобро место било паркирано. Тој преминал да изврши нужда и наишло комбето и го удрило и на место бил мртов. Од страна на власта не дошол никој да ни изјави сочувство. Тоа е срамота. Стока да се утепа, па треба да се извести,а не да се остави така“ - вели Бари Асановски Брат на починатиот Седад.
 
Не се знае ниту колку време безживотно тело било оставено на патот.
 
Асановски објаснува дека институциите од нив не побарале ниту дозвола за обдукцијата која била направена. Биле во огромен шок и неверување кога телото на Седад било донесено во нивниот дом.
 
„Без никаков потпис, била извршена обдукција. Тој ден доцна дојдов дома, фамилијата беше под стрес, тоа беше голем шок. Тоа е проблемот што немаме од државата никаква информација“ - вели Бари Асановски.
 
МВР на 21 во својот билтен информираше за случајот, но не беше споменато каде патувал Асановски, и дека всушност станувало збор за групен превоз.
 
Околу 18 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна незгода во која Н.С (52) од Тетово, управувајќи „Мерцедес“ со скопски ознаки, удрил во пешакот С.А. (40) од Скопје. Во незгодата, пешакот  починал на самото место. 
 
Увид извршил и Јавен обвинител. Од Јавното обвинителство не добивме став. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека не се запознаени со овој случај, но доколку навистина е така бараат МВР и Јавното обвинителство да го расчистат.
 
Соседите објаснуваат дека семејството Асановски се вредни и добри луѓе.  Седад оставил два сина и сопруга а неговото тело било погребано во средата во Батинци.
 

Гаврил Сирачевки
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.