Закочени медиумски реформи и политизирани регулаторни тела

14.02.2017 | 13:41
Прочитано: 1566
Нема видливи активности во насока на остварување на итните реформски приоритети кои се однесуваат на медиумите, забележуваат од граѓанскиот сектор. Според упатените, постојат показатели за непрофесионалност на медиумските регулатори.
 
„Во извештаите на Европската комисија некои регулаторни тела се оценети како нетранспарентни, политички зависни што е невозможно во една нормална и демократска држава регулаторните тела да бидат поврзани со политиката“ - вели Горан Лазаров од Македонскиот центар за европско образование.
 
Медиумите и слободата на изразување се најдоа како посебно поглевје во итните реформски приоритети - листа на обврски од Европската комисија од кои зависи европската иднина на земјава, насочени кон возобновуивање на демократските процеси. 
 
„Препознаени се проблемите, но суштината лежи во тоа како сето да се поправи и како да се излечат поуки да се најдат вистинските начини за трајно воспоставување на принципи на работа на медиумите во кои по еден период на транзиција, ќе ги заборавиме овие проблеми“ - вели Зоран Бојаровски од За Транспарентност Македонија.
 
Според последниот извештај на Мрежа 23, ниту една реформа од итните приоритети базирани на извештајот на Рајнхард прибе не се остварени. Три од деветте мерки не се спроведени во насока на исполнување на приоритетот, додека само две се во тек. 
 
„Црвената линија по која не смееме да одиме е поставена, но ние во нашата имплементација на законите се наоѓаме во некоја сива зона“  - вели Андреја Стојковски од Македонскиот центар за европско образование.
 
МЦЕО, Транспарентност Македонија, НВО Инфоцентарот и Хелсиншкиот комитет најавија надфзор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Агенцијата за електронски комуникации.
 
This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union. 
 
 

Aлександар Пешев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.