Заврши 5-то издание на Summer beach festival 5

29.08.2017 | 14:33
Прочитано: 4175

Спектакуларно, со рекорден број на посетители, во одлична атмосфера заврши 5-то издание на Summer beach festival 5.

И оваа година како и претходните Angel's caffe потврдиja дека тие се едни од ретките кои знаат и се секогаш добро подготвени да создадат добра атмосфера, да организираат три дневна забава, да поканат и донесат светски познати артисти кои на огромната сцена со многу ефекти допринесоа забавата да биде постојано на високо ниво. Организаторите се потрудија и ова петто издание да помине без ниту еден инцидент и она по што ќе се памети се само убавите моменти од забавата со бои и пена забавата кои ги одбележаа дневните забави и спектакуларните вечерни журки.

„Секое издание само по себе си носи се поубава атмосфера, но овој беше извонреден. Секоја нова сезона, ние сме поискусни и организирани и сега беше феноменално. Поминаа 3000 луѓе, се забавуваа и си заминуваа среќни, а со тоа и јас сум среќен. Кога ќе дојде време за затворање, луѓето не сакаа да си одат дома. Сите диџеи добиваа аплауз и тоа ни е потврда дека сме направиле добар избор.“ - вели Роберт Димитров – Роби.

23ти диџеи имаа можност да бидат задолжени за добрата атмосфера, меѓу кои и годинава повторно и дамите имаа свое место на ди џеј пултот, меѓу останатите, Ксенија Џали и Марга Сол ја имаа честа да бидат шлагот на тортата и да стават точка на уште едно успешно издание на Summer beach festival 5.

„Многу сум среќна што ја затворам оваа забава, многу народ и ова е најдобар настан што се случил“ - вели ди-џеј Марга Сол.

Штипјани потврдија дека пред се се одлични домаќини и дека се желни за добра забава, големиот број на посетители од останатите градови заминаа задоволни со очекувања за некоја следна забава во земјата на ангелите.



Сања Савеска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.