Земјоделците излегуваат на протести ако до понеделник нема субвенции

18.03.2017 | 17:47
Прочитано: 12825
Откако комисијата за спречување на корупција даде позитвно мислење за продолжување на исплатата на субвенциите за земјоделство, струмичките земјоделци очекуваат овие денови на нивните сметки да легнаат парите. 
 
Парите им се неопходни за репроматријали бидејќи ја почнаа новата раноградинарска сезона.  Семејството Станкови од Куклиш чии оранжерии зимава настрадаа од снегот со нетрпение ги чекаат  
 
И останатите фармери од најземјоделското село во струмичко - Куклиш ги чекаат субвенциите, бидејќи немаат земено ниту денар државна подршка за минатата година. Изборите немањето Влада ја закочи целата постапка.
 
Од министерството информираа дека деновиве ке продолжи исплатата на субвенциите. За годинава Владата имала обезбедено 100 милиони евра. Доколку не почне исплатата на парите, земјоделските здруженија најавија протести од понеделник кога е закажана и последната средба со ресорниот министер Михаил Цветков.
 

Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.