Земјотрес во Перу: Две лица загинаа, десетици повредени

14.01.2018 | 16:24
Прочитано: 1183

Најмалку две лица загинаа, десетици се повредени, а 17 се сметаат за исчезнати во земјотресот со јачина од 7,1 степен по Рихтеровата скала, кој денеска го погоди Перу.

Двајцата загинати се од областа Јаука.

Перуанскиот институт за цивилна одбрана на Твитер информираше дека во земјотресот се повреднеи 65 лица.

- Неколку куќи се урнати и можно е да се зголеми бројот на загинати и повредени, изјави Хорхе Чавес, директор на Перуанскиот институт за цивилна одбрана.

Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот се случил во 9:18 часот по Гринич (10:18 часот по средноевропско време) на длабочина од 12,5 километри, со епицентарот на 42 километри кужно од градот Акари и 124 километри југозападно од градот Пукујо.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.