Зградата под хипотека: Обид за заштита од СЈО?!

17.02.2017 | 20:38
Прочитано: 9900
Имот  даден по хипотека – може да биде конфискуван, ако се утврди дека е стекнат нелегално. Вака правните експерти ја објаснуваат дилема, која се отвори откако во јавноста се обелодени дека Барокната зграда Христо Татарчев ВМРО-ДПМНЕ ја ствила под хипотека за кредит од три милиони евра.
 
Тоа го наметна прашањето дали партијата која сега е соочена со серија истраги од СЈО, се обидува да се заштити. Адвокати и правници објаснуваат дека согласно Законот за договорен закуп, и Законот за обезбедување на побарување - хипотеката го следи објектот, а не странката и затоа е возможна конфискацијата.
 
„Конфискација на имот значи промена на сопственик на имот од име на ВМРО-ДПМНЕ на име на Република Македонија и објектот може да се конфискува. Прашањето е дали со ова се избегнува кривична одговорност“ - вели адвокатот Јован Јоанидис.
 
Професорката Татјана Ашталкоска Белоска објаснува дека судот само треба да утврди дали имотот потекнува од конкретно кривично дело или се работи за проширена конфискација од други кривични дела за кои постои претпоставка дека сторителот ги направил.
 
„Конфискацијата на имот може да се однесува на непосредна имотна корист од сторителот којашто произлегува директно од кривичното дело, но и на посредната како и имот во којшто е трансформирана или претворена или користа прибавена од кривичното дело“ - вели Ашталкоска Белоска.
 
Во 2011-та СДСМ зема ист ваков кредит од истата банка. Кредитот изнесуваше 1,6 милиони евра, а од партијата тогаш изјавија дека парите биле користени за предизборната кампања.   Сега, според објавата во Службен весник, од ВМРО-ДПМНЕ земале рамковен риволвинг кредит, од три милиони евра , што значи дека партијата може и постепено да ги повлекува парите. Инаку, последните истражувања на СКУП  покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ  е најбогата партија во Европа  со повеќе имот од Партијата на Центарот во Шведска и од Партијата СДУ на Ангела Меркел во Германија.
 

Гаврил Сирачевки
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.